Сепак секогаш се почнува на почетокот а тоа е одредување на keywords за кои ќе ја направите оптимизацијата.
Одредување keywords (фрази)
Прво треба да направите детална анализа за дадената компанија за која е изработена оптимизацијата на пребарувачи. Тоа се прави најлесно со поставување на прашањето:
Кои фрази ги користат моите клиенти да ме пронајдат на интернет?
Откако ќе направите листа со фрази, отворете го Google Keywords tool. Со него можете да видете слични фрази кои ќе ви користат многу.
Исто така корисно е да проверите колку резултати се добиваат на одредена фраза на Google.
Доколку се добиваат огромен број на резултати, воопшто не се нафаќајте за оптимизација на таа фраза. Едноставно, постојат огромен број на конкуренти кои се спремни да се борат за некоја позиција.
Градење квалитетна содржина
Новите техники на crawling не ги сметаат за потребни веќе многу користените мета тагови. Наместо тоа, тие сами си креираат мета таг за опис (meta description), а да не зборуваме за meta keywords. Едноставно, не губете време на нив бидејќи никој повеќе не ги користи.
Затоа креирањето на квалитетна содржина излегува на прво место во оптимизацијата на пребарувачите. Повторувањето на зборовите е добра техника до некој степен. Потоа најважни се надворешните линкови.
Пријателски наслови за пребарувачи
Прво, title тагот мора да биде сличен или ист на фразата за која ја вршите оптимизацијата.
Второ сите наслови (h1, h2, h3) мора да ги употребувате често. Немојте да користете класи во CSS- наместо тоа користете ги насловите и според нив правете го дизајнот. Практичен пример >
Внатрешни линкови
Креирање на голем број на внатрешни линкови е многу корисно за пребарувачите, а веб страните кои ја користат оваа техника секогаш се пласираат на врвот. Пример за ова е Wikipedia чија позиција е многу тешко да се попеди.
Надворешни линкови
Надворешните линкови претставуваат најважниот дел од оптимизацијата за пребарувач. Тоа се сите линкови кои се насочени кон вашиот веб сајт или кон некоја посебна веб страна. Овие линкови имаат огромна моќ во однос на оптимизацијата. Затоа е потребно да ја линкувате од колку што е можно поголем број на страни, и веб страни кои имаат висок рејтинг- самите се поврзани со многу други страни.
Тоа можете да го постигнете со размена на линкови со други страни, креирање на блогови- и нивно пријавување во пребарувачите, креирање посебни мали бесплатни веб страни и слично.
Исто така е важно именувањето на веб страните. Статичните страни немаат голем проблем бидејќи се именуваат според некоја фраза, додека динамичните сајтови се многу потешки во однос на оптимизацијата.
URL пријателски веб страни
Динамичните веб страни најчесто се именуваат со некои варијабли кои пребарувачите ги игнорираат. Пример за таков сајт е А1 телевизија која сеуште ја нема оптимизирано својата страна, и покрај тоа што е еден ако не и највисоко рангираниот македонски веб сајт.
Имено, секоја внатрешна страна на А1 изгледа отприлика вака:
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111667
Проблемот е што пребарувачите не ги пласираат високо таквите страни бидејќи немаат добра URL структура. Пример за добра структура е сајтот на CNN:
http://marquee.blogs.cnn.com/2009/07/20/young-blood-on-true-blood/
Ваквата страна (и покрај што е предолга) му покажува на пребарувачот за кој наслов станува збор (young blood on true blood). Така кога ќе пробате да пребарувате на Google овој линк ќе испадне на првото место.
Овој "трик" се прави на следниов начин:
Се прави .htaccess фајл со помош на Notepad. Се пренасочува целиот сообраќај кон веб страната со вметнување на следниот (или сличен) код:
Options +FollowSymlinks
RewriteEngine on
RewriteRule ^(.*)-vest$ /index.php?vest=$1
Се разбира ова ќе значи дека сите вести (линкот кон нив) ќе треба да завршува на "-vest". Овој фајл се снимува под името .htaccess и се става во фолдерот кој се оптимизира.
Доколку имате некакви прашања дадете коментар во наредниот прилог ќе пробам да ви објаснам дополнително.
Со ова ја завршуваме оптимизацијата за пребарувачи, а со тоа и нашиот сајт ќе биде повеќе видлив на интернет. Запомнете, доколку сеуште се рангирате слабо, креирајте повеќе надворешни линкови (со блогирање- бесплатно или со рекламирање).
No comments:
Post a Comment