Saturday, April 3, 2010

Зошто Google е број еден пребарувач ?!!


Сигурно сте преметиле дека секоја година излегуваат нови и понови интернет пребарувачи, кои за жал не добиваат никаков интернет сообраќај. Колку и да не сакаме да признаеме, големата моќ на Google не доаѓа од неговиот сегашен монопол, и силниот lock-in кој го има врз корисниците, туку од неговиот квалитет во брзина, едноставност и корисност.
Еве еден мал детал кој Bing и другите Б-категорија пребарувачи го заборавиле. При внесувањето на некоја фраза, во скоро сите пребарувачи, со помош на Ajax, излегуваат предлози веднаш под полето за пребарување. Но само на Google, при навигација на предлозите можете да се движите лесно. Имено кога ќе го претиснете и држете копчето за долу/ горе, предлозите се менуваат автоматски, додека на другите пребарувачи сте принудени повеќе пати да го претиснете копчето за да се предвижите кон долните предлози.
Колку и мала да е оваа грешка сепак знае да биде причина зошто да не го користете Bing, Ask или други.
Слободно напишете ваши критики за пребарувачите во коментарите ...